ЕКИПАТА НА ОБЛЕШЕВО ПОБЕДНИК НА „БОГОРОДИЧЕН МЛАДИНСКИ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР 2022“

Во Спорт
август 29, 2022
1 минути

Екипата на Облешево е победник на годинешниот „Богородичен фудбалски турнир 2022“ откако во финалето во мошне интересен и неизвесен натпревар ја совладаа екипата на Чифлик со 1:0.

Во борба за третото место (мало финале) домаќинот на турнирот „Долни Подлог беше поуспешен од екипата на E-stone совладувајќи ја со 7:2.

И овој турнир покажа дека во околните населени места на Општините Кочани, Зрновци и Облешево Чешиново има доста добри и квалитетни млади играчи кои некој ќе треба да им обезбеди услови за да напредуваат.

Фотографиите се позајмени од страната на „Богородичен младински фудбалски турнир“

С. Ивановски