Екипи од КЈП „Водовод“ и од Општина Кочани деновиве спроведуваат активности за чистење на Кочански Дол, со цел да се реши проблемот со децениското неодржување и нечистење на одводот за атмосферска вода.

Чистењето се спроведува со механизација, а екипите се соочуваат со сериозни предизвици поради долго време занемарениот одводен систем.
Овој проблем претставува закана од поплави, кои веќе предизвикаа штети во домаќинства на улицата „Браќа Миладинови“, во близина на Општа болница – Кочани.

Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
