Ова е нашето секојдневие. Каде нема знаци можеби и не е исправно да се изрекуваат казни, но онаму каде што некој ги поставил сообраќајните знаци а учесниците во сообраќајот не ги почитуваат, тогаш казни мора да има.
Ова е од денес, паркирање според сите сообраќајни „прописи“ на само 5-6 метри од зградата на Локалната Самоуправа. Сите гледаат, Nо сите молчат, важно е времето за работен стаж да минува и платата да стигне на време, а за се друго секој нека се снаоѓа како знае и умее.
Најчудно е од се што тротоарите не ги користат единствено оние за кои се направени, тажно и неприфатливо.
С. Ивановски