ЕМИЛИЈА ЃОРЃИЕВА ИМЕНУВАНА ЗА В.Д. ДИРЕКТОР НА ЈОУ „ПАВЛИНА ВЕЛЈАНОВА“ – КОЧАНИ

мај 15, 2025
0 минути

Емилија Ѓорѓиева, психолог во ЈОУ Детска градинка „Павлина Велјанова“ е именувана за в. д. директор на оваа установа.

В. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски истакна дека му е чест и задоволството што во наредниов период Ѓорѓиева ќе раководи со градинката. Очекува подобрување на организацијата на работењето, меѓучовечките односи, грижата кон најмладите.

Крстевски изрази надеж што поскоро да се одговори на потребата од згрижување на децата што се на листата на чекање за опфат во ДГ „Павлина Велјанова“, со ставање во функција на новиот објект „Детелинки“.

Ѓорѓиева доаѓа на директорското место по Јованка Ефтимова, која досега ја вршеше оваа должност.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ