ЕВН НЕ ГО ОТСТРАНИ ДЕФЕКТОТ И ГИ ОСТАВИ ЖИТЕЛИТЕ ОД ТРАЈАНОВО ТРЛО ДА СЕ СМРЗНУВААТ

ноември 13, 2023
1 минути

ЕВН уште еднаш се покажа како неодговорна компанија. Вработени од ЕВН денес не успеале да го отстранат дефектот кој се појавил во текот на вчерашниот ден па денес ја прекинале работата и си заминале оставајќи порака на жителите од Трајаново трло дека оваа вечер ќе ја поминат без електрична енергија. А според жителите на Трајаново трло кои ни испратија допис се работи за изгорена фаза која е причина поради неколкуте диви приклучоци кои досега некој ги толерираЛ. Во дописот се вели:

„Ние жителите на Трајаново трло уште еднаш ја почувствуваме негрижата на институциите. Останавме без електрична енергија цел ден, а последниот одговор од ЕВН е дека ноќта мора да ја поминеме без струја, а веќе имаме и штети поради расипани електрични уреди, а  и храната во фрижидерите веќе се распиува. Имаме мали дечиња кои се оставени да мрзнат на овие ниски температури. Ова е преседан, со оглед на тоа што на нашите претходни апели да се отстранат бројните диви приклучоци, останаа глув, а сметаме дека тоа е едно од причините поради кои останавме без струја. Прашуваме дали во Кочани важи истот закон како и секаде во држават. До кога ние што плаќаме ќе страдаме, а ајдуците кои крадат струја ќе се чувствуваст привилигирани. Бараме итно, уште во текот на ноќта ЕВН да испрати екипи и под рефлектори да работи на отстранување на дефектот“

 

С,  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ