ЕВРО ГОЛОТ НА ФИЛИП ЃОРЃИЕВСКИ ГИ РАСПЛАКА „ЖЕТВАРИТЕ“

Во Спорт
септември 28, 2025
1 минути

Се играше 77’ кога гостите беа во напад, топката дојде десно од  работ на шеснаесетникот до слободниот Филип Ѓорѓиевски кој со прекрасен удар го погоди горниот десен агол на немоќниот домашен голман Ѓорѓи Јованоски. Тој момент се покажа како решавачки на денешната средба и гостите сосема заслужено со три бода си заминаа за Радовиш.

Инаку самиот натпревар не донесе речиси ништо убаво што може да ја враќа публиката на стадионите. Домаќините играа подзатворена варијанта, ја прескокнуваа средината на теренот шанса барајќи преку некој кикс на гостинската одбрана. Од таквата игра произлезе само една шанса во првиот дел но ударон на Драган Паунов гостинскиот голман Димитар Ѓоргиев  со прекрасна интервенција ја сочува својата мрежа завршувајќи топката во корнер.

За разлика од домаќините гостите беа тие кои ја имаа топката во поголем дела од натпреварот во своите нозе но и тие никако не можеа да ја пробијат згуснатата одбрана на жолто-сините.

Ако  единствената поволна прилика за гол на Паунов кај домаќините и голот на гостите се единственото нешто убаво што се случи денес на стадионот „Никола Мантов“ тогаш и самиот натпревар не може да добие некоја добра оценка.

Но како и да е „Осогово“ пред тешкиот распоред во следните четири кола остана без бод денеска во Кочани.

Резултати од 6-тото коло:

Осогово – Детонит Плачковица  0:1

Тетекс – Беласица  (се игра во недела)

Шкендија (А) – Слога 1934  2:1

Победа – Големо Коњари  1:0

Кожуф – Скопје  1:1

Вардар (Н) – Охрид  1:5

Брегалница – Преспа  2:0

Новаци – Каменица Саса  0:0

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ