ДОДЕЛЕНИ ДВЕТЕ СПОРТСКИ СТИПЕНДИИ

Во Спорт
февруари 28, 2022
1 минути

Годинава според новиот Правилник за општинска спортска стипендија се доделија две спортски стипендии за најдобар спортист и најдобра спортистка.

До комисијата биле пристигнати 3 пријави, од кои едната не е прифатена заради неисполнување на основниот услов – кандидатите кои конкурираат за стипендија треба да имаат од 17 до 20 години.

Спортската стипендија за најдобар спортист ја понесе Ристе Симеонов, кој годинава беше избран и за најдобар спортист за 2021 година. Мартина Шахинова и оваа година како и претходната ја доби стипендијата за најдобра спортистка во отсуство на другата релевантна пријава.

Спортската стипендија се доделува за време од десет месеци, со износ од 3.000 денари месечно во текот на 2022 година.

Наскоро ќе бидат потпишани договорите меѓу градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов и спортистите кои ги добија општинските спортски стипендии.

 

Општина  Кочани