ФА „ЉУПЧО САНТОВ“ ОД ОРИЗАРИ ЈА ЗАВРШИ ТУРНЕЈАТА ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

јули 13, 2023
1 минути

Од 06-11ти јули Фолклорниот Ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари беше на турнеа во Босна и Херцеговина на покана од долгодишните пријатели од Младинскиот културен центар Босна Арт од Стјепан Поље, Грачаница кои беа организатори на Х-та Интернационална фолклорна смотра.

Ансамблот имаше настап и на Фолклорна смотра Добој 2023 која се одржа на тврдината во истоимениот град.

При посетата во Босна и Херцеговина делегација од Ансамблот „Љупчо Сантов“ имаше прием кај градоначалникот на општина Грачаница и претседателот на месна заедница Стјепан Поље.

Слободното време беше искористено со посета на знаменитости во Грачаница со локален водич (саат кула, медреса, босанска традиционала куќа, термални извори), а заедно со домаќните од Стјепан Поље неделата беше искористена за прошетка во Тузла и капање во вештачките солени Панонски езера во центарот на Тузла, кои тој ден беа посетени со над 20000 посетители.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ