ФРАКЦИИТЕ ГО РУШАТ РЕЈТИНГОТ НА ОО НА СДСМ – КОЧАНИ

март 13, 2022
1 минути

Пред една седмица  благодарение на нашиот извор од централата на партијата објавивме кој ќе биде нов претседател на ОО на СДСМ – Кочани. Изворот досега во изминатите години никогаш не ни има дадено погрешен податок и притоа дека писмениот документ во ОО на СДСМ – Кочани ќе биде испратен во Вторник или Среда. И како што обично бива во вакви случаи фракционерите ја презедоа „судбината во свои раце“, писмото уште не е добиено во Кочани но затоа вчера (Сабота) во приватна посета со само личното обезбедување во Кочани пристигна новиот Претседател на СДСМ Димитар Ковачевски.

Што е и како е разговарано и со кого ги водел разговорите ниту знаеме ниту пак не интересира да дознаеме, единственото што е точно е дека бил во приватна посета кај поранешниот Градоначалник на Општина Кочани Николчо Илијев во Хотел „City IN“.

Јавна тајна е дека со појавата на фракциите во Кочани СДСМ некогашниот бастион полека но сигурно го губи рејтингот што впрочем се покажа и на изминатите Локални избори. Како ќе продолжат понатака  да функционира ОО на СДСМ – Кочани тоа си е чиста нивна работа, но како што денес слушавме од луѓе кои се плеткаат во ОО на СДСМ Кочани, претседател уште нема да се именува а како преодни решенија до именување на новиот претседател има две опции, едната е актуелниот Претседател Гоце Серафимов да остане се до решавање на тоа кој ќе биде на чело на ОО на СДСМ во Кочани а втората е привремен Претседател да биде Игор Христов.

Уште еднаш ќе подвлечеме дека кога и кој ќе биде нов претседател на ОО на СДСМ – Кочани си е партиска работа а ние како доваѓаме до информациите тоа си е пак наша работа.

С. Ивановски