КОНФИСКУВАН ИМОТОТ НА ОК ВМРО – ДПМНЕ – КОЧАНИ

јуни 13, 2022
1 минути

Почитувани,

Пресудата во случајот Талир 2 е победа на правдата врз најголемите корупциски скандали во државата и потврда за епските размери на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.

Исправена е уште една неправда нанесена врз грбот на граѓаните.

Судот со судска пресуда наложи заплена на луксузното седиште на ВМРО-ДПМНЕ и докажа дека Белиот дворец е стекнат на незаконски, криминален начин, со пари украдени од граѓаните.

Не само Белиот дворец, запленет е и друг криминално стекнат имот на ВМРО-ДПМНЕ низ 30 тина градови во земјава меѓу кои и  нивен имот во нашиот град, Кочани.

Додека пратеникот Миле Лефков, градоначалникот Папазов и нивното  раководство горделиво и бесрамно зборуваат за декларативни заложби за чесност и борба против корупција и криминал, по ништо не се разликуваат ниту од нивниот ментор Ратко Димитровски, ниту од нивните наредбоводачи Груевски и Мицковски.

Наместо да се служат со манипулации, префрлување вина и да измислуваат оправдувања како што најдобро знаат, треба да излезат пред граѓаните и да се извинат. Да се извинат за грабежот што го направиле врз нив и да понесат целосна одговорност – оставка!

Секој што го прекршил законот мора да одговара, а парите да се вратат назад каде што и припаѓаат – кај граѓаните.

Со почит,

ОО СДСМ Кочани