ФУДБАЛЕРИТЕ НА „ОСОГОВО“ ГИ ЗАПАЛИЈА МОТОРИТЕ

Во Спорт
јануари 17, 2026
0 минути

Денес на стадионот „Никола мантов“ во Кочани шефот на Стручниот штаб на „Осогово“ ја закажа првата прозифка со што и официјално започнаа подготовките за пролетниот дел на првенството во Втора Фудбалска Лига.

Од Крстев дознаваме дека подготовките ќе се реализираат во Кочани каде најпрвин ќе се работи на физичката издржливост а потоа ќе се работи и со топка а за тактички техничкиот дел се договорени засега пет натпревари кои во „Осогово“ сметаат дека се доволни.

На 24.01. е натпреварот со „Детонит Плачковица“ во Кочани,

На 28.01. е натпреварот со „Аеродром“ во Скопје,

На 31.01. е натпреварот со „Беласица“ (не е утврден домаќинот)

На 07.02. е натпреварот со „Вардар“ (Скопје) кој се игра во Кочани,

На 14.02. Генералката со „Вардар“ (Неготино) домаќинот не е утврден.

Од играчите кои ги бранеа боите на „Осогово“ во есенскиот дел на првенството засега заминаа двајца, Владимир Жоглев потпиша за „Шкендија“ од Арачиново а младиот Давид Голубов потпиша за прволигашот „Тиквеш“ од Кавадарци.

Засега „Осогово“ се засили со двајца играчи, Филип Димоски кој игра на позицијата центарфор дојде од редовите на „Победа“ од прилеп, а додека играчот за врска Алпај Јусув доаша од „Фортуна“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ