Фудбалскиот Клуб „Осогово“ од Кочани ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во која според бодовното салдо грчевито ќе се бори за зачувување на второлигашкиот статус.
Денес точно пладне на теренот на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани истрчаа седумнаесет играчи со кои работеа тренерите Даниел Гоцевски и Јоже Јованов.
Засега се знае дека тренинзите ќе се одвиваат во Кочани а планирани се и неколку контролни натпревари од кои првиот е веќе следната сабота кога „Кожув“ и „Осогово“ ќе ги одмерат силите во Гевгелија.
Околу политиката на ангажирање на нови играчи ќе се знае откако на подготовките ќе им се приклучи Шефот на стручниот штаб на „Осогово“, Добринко Илиевски.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ