ФУДБАЛСКИ ЧАС ОД МЛАДИНЦИТЕ НА „ОСОГОВО“ ЗА ШАМПИОНОТ „ШКУПИ“

Во Спорт
ноември 8, 2022
0 минути

Младинците на „Осогово“ му одржаа фудбалски час на минатогодишниот шампион во младинска конкуренција „Шкупи“.

Младите „жетвари“ денес на Чаир во рамките на 1/8 финалето од Младинскиот Фудбалски Куп на Македонија го совладаа домаќинот и големиот фаворит „Шкупи“ со 4:3 по подобро изведување на пеналите, откако во регуларниот дел мрежите мируваа.

Головите за „Осогово“ од белата точка ги постигнаа: Иван Станојев, Драган Цветанов, Антонио Гицов и Филип Јованов. Петтиот удар од белата точка немаше потреба да се изведува бидејќи голманот Александар Стоименов им одбрани два пенала на домашните играчи.

Честитки за младите играчи на „Осогово“ и тренерот Доминик Тенев на овој голем успех.

С. Ивановски