МЕМОРИЈАЛЕН МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР „ЛЕГЕНДИТЕ НА СПАРТАК“ ВО ПРВАТА САБОТА ОД МЕСЕЦ НОЕМВРИ

Во Спорт
октомври 15, 2022
1 минути

Во организација на БК „Спартак“ и Боречката федерација на република Северна Македонија, а со поддршка на Општина Кочани на 05.Ноември оваа година ќе се одржи традиционалниот 22-ри  Меѓународниот Меморијален турнир во борење „Легендите на Спартак“.

На турнирот ќе земаат учество момчиња и девојчиња:

– момчиња во категоријата 2009-2012 во шест категории,

– момчиња во категоријата 2006-2008 во две категории и

– девојчиња во категорија 2010-2012 во две категории.

Право на настап ќе имаат натпреварувачи со легитимација издадена од БФРСМ, пасош или Извод од матична книга на родените.

„Спартак“ (Кочани), „Балканец“ (Штип), „Бучим“ (Радовиш), „Бучим шампион“ (Конче), „Киро Ристов“ (Таринци), „Лирија“ (Скопје), „Карбинци“ (Карбинци), „Борец“ (Велес), „7-ми Мај’ (Прилеп), „Вардар“ (Скопје) се клубовите од Македонија кои ќе учествуваат на турнирот, а се очекува настап и на натпреварувачи од Република Грција и Република Бугарија.
Почетокот на турнирот е закажан за во 11:00 часот.

С.  Ивановски