Денес во Кочани на стадионот „Никола мантов“ се одигра т.н. „генералка“ пред стартот на нокотот првенство во Втората Фудбалска Лига. Во која „Осогово“ му беше домаќин на новиот второлигаш „Вардарски“ од Богданци.
Ако ова беше „генералка“ подобро првенството за кочанчани да не започне. Како и на натпреварот против „Каменица Саса“ кочанчани се покажаа во едно бледо издание со многу лоша физичка подготвеност. Ако на тие недостатоци се додаде и „тенката клупа“ тогаш кочанчани ќе ги имаат истите маки како и минатата година.
За разлика од „Осогово“ гостите од Богданци покажаа дека ќе бидат тврд орев во првенството за многу екипи.
„Жолто-сините“ поведоа во раната фаза од играта а во финишот на полувремето по еден недозволен кикс на домашната одбрана гостите го израмнија резултатот. Вториот и воедно победоносен гол гостите го постигнаа во финишот на натпреварот.
Домаќините во неколкуте минути до крајот имаа шанси да дојдат до израмнување, но еднаш ја погодија стативата а и промашија она што тешко може да се промаши.
Како и да е веќе за една седмица започнуваат натпреварите во Втората Фудбалска Лига кои ќе покажат дали „жетварите“ со поинаков жар ќе пристапат на натпреварите кои се играат за бодови.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ