ГФК „ОСОГОВО“ СТАРТУВА ВО НЕДЕЛА ВО 14:00 ЧАСОТ

Во Спорт
јануари 25, 2023
0 минути

Првата прозивка со која ќе стартуваат зимските подготовки чефот на Стручниот штаб на ГФК „Осогово“ Ефтим Аксентиев ја закажа за во Недела со почеток цо 14:00 часот.

Токму тогаш ќе бидат соопштени имињата на неколкуте играчи кои се планира да бидат ангажирани како и имињата на играчите кои нема да ги бранат боите на „Осогово“ во пролетниот дел од првенството.

Засега се знае дека Јован Дојчинов и Филип Донев ќе заминат во второлигашот од Виница „Слога 1934“, Андреј Коцев веќе е во Германија а во прашање е доведен и настапот на Љубомир Ѓорѓиев.

Сепак за текот на подготовките и за играчкиот кадар ќе дознаеме повеќе на денот кога ќе стартуваат подготовките, а тое е Недела.

С.  Ивановски