ПРОДОЛЖУВААТ ВТОРОЛИГАШКИТЕ ВОЗБУДУВАЊА

Во Спорт
септември 15, 2023
1 минути

По една недела пауза поради настапите на Македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за Европското првенство, веќе утре (Сабота) продолжуваат фудбалските возбудувања во Втора Фудбалска Лига.

На програмата се натпреварите од петтото коло во кое вниманието на кочанската фудбалска јавност е свртено кон натпреварот „Осогово“- „Охрид“. Кочанскиот второлигаш лошо ја започна сезоната, на четирите натпревари забележани се четири порази така да утрешниот натпревар е еден од оние во кои мора да се освојат бодовите доколку „жолто-сините“ сакаат да го напуштат последното место на табелата. Иако навивачите на еден од најстарите фудбалски клубови во земјата не се задоволни од посигнатото за утре  „Сејмени“најавуваат масовна посетеност и навивање, така да на играчите единствено ќе им преостане со максимална ангажираност,  борат за секоја топка и со добра игра да стигнат до првата есенска радост, се друго освен победа само ќе ја продлабочи и онака длабоката криза во која е влезено „Осогово“.

Двојки од 5-тото коло:

„Осогово“ – „Охрид“

„Беласица“ – „Победа“

„Новаци“ – „Башкими“

„Каменица Саса“ – „Тетекс“

„Детонит Плачковица“ – „Беса“

„Кожуф“ – „Пелистер“

„Караорман“ – „Аресими“

„Вардар„ (Н) – „Скопје“

Сите натпревари започнуваат во 15:00 часот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ