ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ПРЕТПОСЛЕДНО ЕСЕНСКО КОЛО

Во Спорт
ноември 11, 2022
1 минути

Во Недела се играат натпреварите од 10-тото, претпоследно есенско  коло во Трета Фудбалска Лига – Исток.

Лидерот на табелата „Осогово“ ја пречекува екипата на „Вардарски“ и со евентуална победа ќе се закити со есенската титула.

Делчевци по одличната игра против „Осогово“ во Кочани и несреќно загубените бодови шансата ќе ја барат на домашен терен против „Спартмани“, додека „академците“ во чешиново ќе ги дочекаат „рибарите“ од Дојран.

Двојки од 10-тото коло:

„Осогово“ – Вардарски“

„Брегалница“ (Д) – „Спартмани“

„Акад. Чешиново-Облешево“ – „Дојранско Езеро“

„Овче Поле“ – „Малеш“

„Рудар“ – „Победа“ (В)

„Карбинци“ – „Тиверија“

Натпреварите се закажани за во 13:00 часот.

С. Ивановски