ГФК „ОСОГОВО“ СТАРТУВАШЕ СО ПОДГОТОВКИТЕ

Во Спорт
јули 25, 2022
0 минути

Онака како што и беше најавено,  денес во 18:00 часот Шефот на стручниот штаб на ГФК „Осогово“ Ефтим Аксентиев и тренерот на голманите Јоже Јованов заедно со 17 играчи колку што во моментот присуствуваа на тренингот ги започнаа подготовките за  претстојните натпревари во Трета Фудбалска Лига – Исток.

Според збировите на Аксентиев подготовките ќе се реализираат на теренот на стадионот „Никола Мантов“, најпрвин на физичка издржливост, потоа техничко тактички дел и одигрување на неколку контролни натпревари.

Засега се договорени две контролни средби, едната е со „Каменица Саса“ а другата со „Борец“ од Велес, но термините ќе треба дополнително да се усогласат.

С. Ивановски