ГФК „ОСОГОВО“ СТАРТУВАШЕ СО ПОДГОТОВКИТЕ

Во Спорт
јануари 19, 2022
1 минути

Дали случајно или не на големиот празник „Богојавление“ фудбалерите на „Осогово“ од кочани ги започнаа подготовките за пролетниот дел од првенството во Втора Фудбалска Лига – Исток.

Шефот на стручниот штаб Александар Андов на првата прозивка не можеше да смета на сите играчи бидејќи некои оправдано го најавија своето отсуство, но како што истакна од утре на располагање ќе ги има сите играчи кои моментно се во таборот на „жолто-сините“ од Кочани.

 

„Денес ги започнавме подготовките и се надевам дека во следните триесетина дена екипата добро ќе се подготви и ќе одговори на сите предизвици кои не чекаат во  пролетниот дел на првенството. Со добра игра и добри резултати се надеваме дека ќе бидеме неколку места повисоко од моменталниот пласман. До крајот на оваа седмица ќе имаме по еден тренинг а веќе во наредната ќе тренираме двапати дневно по што повторни ќе се вратиме на по еден тренинг. Формата ќе ја градиме преку контролните натпревари кои ќе ги започнеме на 26 овој месец а противник ќе ни биде „Каменица Саса“, веќе на 02 Февруари имаме закажан натпревар со „Детонит јуниор“ а на 7 играме со прволигашот „Раднички“ од Сремска Митровица (Република Србија) кој е на подготовки во Дојран. За крај на 13 Февруари ќе ни биде последниот натпревар а противник ќе ни биде лидерот во Втора Фудбалска Лига – Запад, „Силекс“ од Кратово“ беше изјавата на Андов.

И додека играчите тренираа лицата задолжени за ангажирање на нови играчи постојано беа на телефонска линија што е знак дека се договараат уште неколку нови имиња се со цел росторето да биде што поголем.

С. Ивановски