ОО НА СДСМ – КОЧАНИ, РЕАКЦИЈА НА ДЕМАНТОТ НА СОВЕТНИКОТ ВАСЕ АЛЕКСОВ – ПРЕД ФАКТИТЕ И БОГОВИТЕ МОЛЧАТ!

јануари 20, 2022
1 минути

Почитувани сограѓани,

Најтранспарентно укажуваме и повикуваме на одговорност, а советникот Ване Алексов не само што сам си се пронаоѓа во приказната, туку и продолжува да ја манипулира цела кочанска јавност изнесувајќи неточни информации.

Човек не треба да е стручен за да отвори и согледа информации достапни за сите, ама очигледно нè потценуваат сите нас надевајќи се дека со лаги искажани во две-три реченици – некој би им поверувал.

Васе Алексов е сопственик на Катастарска парцела 14936/4 запишана во Имотен лист 15048 во катастарска Општина Кочани. Како што се гледа од имотниот лист, катастарска култура е ПАСИШТЕ и нема евидентирано (запишано) објект.

И самиот советник кажува дека во 2008 година направил фарма за одгледување ноеви и користел СУБВЕНЦИИ од државата и ЕВРОПСКИТЕ фондови за поддршка и за истите тие потреби, си изградил објект.

Доколку имал градежно техничка документација, зошто објектот не е заведен во катастарот на недвижности?

Како воопшто и дошол до тие субвенции и пари од европски фондови кога не поседувал никаква документација?

Овде не станува збор за некој некому да е „трн во око“, како што тој изјавува, туку зборуваме за повторна злоупотреба на власт и постапување спротивно на законски одредби и регулативи.

Едно треба да им биде јасно: не сме водени од желба да напаѓаме и оцрнуваме, туку остануваме посветени на градење едно општество за сите. Никогаш нема да дозволиме кршење на правила и прописи, посебно кога тоа дејствие доаѓа од високи функционери кои всушност, по правило треба да бидат пример за граѓаните на нашата општина.

Со почит,

ОО на СДСМ Кочан