ГО ИМА ЛИ НЕКОЈ ОДГОВОРОТ „КАДЕ СЕ ИСФРЛА ШУТОТ ОД ИЗГРАДБАТА НА МИНИ ХИДТОЦЕНТРАЛАТА“?

октомври 24, 2023
1 минути

Работите за изградба на мини хидроцентрала на „Мала река“ се во поодмината фаза. Најпрвин се исекоа дрвата во целата околина, почна уривањето на дел од ридот, се пробиваше пат низ природните убавини, се забрани проток на луѓе низ тој пат, и сето тоа помина без ниту една реакција од еколошки друштва, рибарско друштво, АД Водостопанство на РСМ – Скопје – подружница Брегалница Кочани и политичките партии, никој  со прст да мрднат за да организира блокада на патот кон Гратче за да се спречи уништувањето на една природна убавина.

Сега закажувањето на протестите кои започнаа мината седмица а се надеваме дека ќе продолжат се до изборите се „лов на гуски во магла“, се е ова сега политички маркетинг бидејќи до изборите останува само половина година. Каде беа овие три и пол години сите тие сега загрижени ни самите не знаат. Но тоа е нивни проблем и добро е да покажат макар и со десет луѓе протест дека сепак се „загрижени“ за состојбата.

И се додека се правеа подготовки да започне изградбата на таа сега фамозна мини хидроцентрала се расчистуваше околинава (камења, земја, дрвја), но камините никогаш назад не се враќаа со исчистениот шут што значи дека  некаде таму горе истиот се исфрла.

Прашањето до сите „загрижени“ околу изградбата на ова сега фамозна хидроцентрала е „Каде се исфрла шутот од изградбата на мини хидроцентралата“? Прашањето е кратко и јасно. На протестите го чекаме одговорот од сите оние што ќе ги закажат.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ