КАКО ЈА ИСПРАТИВМЕ, ТАКА ЈА ДОЧЕКАВМЕ НОВАТА ГОДИНА

јануари 1, 2022
0 минути

Како што ја испративме, така и ја дочекавме новата година.

Главната депонија никако да престане да чади па не е ни чудно што сите оние денес што заминаа кон Пониква мораа да поминат низ димна завеса која создаваше непријатен мирис и ги печеше очите.

Сепак, се надеваме дека и овој проблем набргу ќе биде решен, дека надлежните под чии ингеренции е депонијата ќе ги преземат сите потребни мерки и ќе ја доведат во состојба како пред два месеци.

Кочанчани заслужуваат почист воздух.

С. Ивановски