ГРАДЕЖНИ РАБОТИ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЖАРДИНИЕРИТЕ

март 3, 2023
0 минути

По реакцијата на граѓаните дека до мостот кај Воени отсек повторно нешто се раскопува и пластичните столпчиња веќе се отстранети, одговор побаравме од надлежните во Општина Кочани.

Дознаваме дека откако било утврдено дека затворањето на тој премин (приклучокот од Судот кон мостот) се покажа како добро решение за што и сведочеа многуте позитивни оценки од учесниците во сообраќајот деновиве почна да се врши ископ на дел од асфалтот за да може жардиниерите да се продолжат како би се добила една целина.

С.  Ивановски