ОДРЖАНА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА ЗА ПЛАНИНСКО СПАСУВАЊЕ

март 3, 2023
1 минути

Во текот на вчерашниот ден (Четврток) во Струмица се одржа Панел Дискусија ,,Предизвици и современи трендови за планинско спасување” организирана од страна на центарит за развиј на Југоисточниот плански регион во партнерство со Алпинистичкиот клуб „Скала“ кој е член на Сојузот за планинско спасување“

Главната цел на Панел дискусијата беше запознаванјето со значењето на системите за планинско спасување, како и неопходноста од институционално и системско решавање, на ова прашање во регионот, како главен предуслов за развој на авантуристичкиот туризам и безбеднпста на граѓаните.

Сојузот за планинско спасување има расположливи ресурси со своите членови да ги подржи во развојот сите центри за развој на планските региони во Република Македонија.

Неизмерна благодарност до центарот за развој на Југоисточниот плански регион и г-нот Ѓоко Камчев што ја препозна стручноста на планинското спасување.

ДПСС Осогово – Кочани