ПРЕТСТОИ РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КЕЈСКИТЕ УЛИЦИ ВО ОРИЗАРИ

јули 14, 2023
1 минути

Општина Кочани објави повик за спроведување постапка за јавна набавка за избор на изведувач на работите за реконструкција на дел од улиците „Никола Карев“ и „Кеј на Револуцијата“ во Оризари.

Со средства планирани од општинскиот буџет, се очекува наскоро да почнат градежни активности на двете кејски улици во Оризари, во должина од 562 м.

Проектот опфаќа санација на оштетени површини, изградба на надворешна атмосферска канализација и нивелација на шахти.

Времетраењето на градежните работи е определено на четири месеци, по потпишувањето на договорот со избраниот изведувач.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ