Изнаоѓањето решенија за проблемите поврзани со функционирањето на Градската депонија во Кочани беше единствената точка на дневниот ред на состанокот што го одржа градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов со градоначалниците на соседните општини Виница и Зрновци, Миле Петков и Борчо Коцев и со директорите на комуналните претпријатија.
Општина Кочани побара од соседните општини да го стопираат дотурот на комуналниот отпад на Градската депонија во Кочани, сѐ до моментот на создавање услови за нејзино нормално функционирање, односно влегување на механизацијата на фирмата „Ескаваторе“, избран оператор за проектот за воспоставување Регионален систем за управување со отпад од Министерството за животна средина, Министерството за финансии и програмата ИПА 2 на Европската Унија и работа во насока на затворање на Градската депонија во Кочани.
Исто така, Општина Кочани побара од соседните општини во меѓувреме да изнајдат сопствени локации на кои, со одобрение на Министерството за животна средина ќе може да се депонира отпадот што се создава на нивната територија.
Општините Виница и Зрновци предложија, по нормализирањето на работата на Градската депонија во Кочани, да учествуваат со финансиски средства за обезбедување 24-часовна чуварска служба, како и за обезбедување механизација и фирма за одржување на депонијата.
Општина Кочани бара од Министерството за животна средина кофинансирање за одржување во функција на Градската депонија во Кочани, поради неможноста КЈП „Водовод“ – Кочани да се справи со дополнително наметнатите финансиски трошоци произлезени од проектот за воспоставување Регионален систем за управување со отпад.
По предлозите и заклучоците од денешниов состанок треба да се произнесе и Министерството за животна средина, сѐ со цел да не дојде до загрозување и прекинување на реализацијата на европскиот проект за управува
Информација од Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ