НАПРАВЕНА МАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА ОД ПОЖАРОТ ВО СЕЛО ТРКАЊЕ

февруари 21, 2022
1 минути

На 20.02.2022 во 16.35 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека околу 16.00 часот на место викано „Под лозје“ – атар на с.Тркање, кочанско, настанал пожар во имот на С.В.(60) од Кочани, при што биле зафатени црево за наводнување и градобијна мрежа, негова сопственост и дрвен столб, сопственост на ЕВН.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Кочани, а повредени лица нема. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани.

ИЗВОР: Дневни билтени од СВР Штип