Денеска во просториите на Општина Кочани, градоначалникот Љупчо Папазов оствари средба со дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски.
На денешната средба се разговараше за унапредување на работата на општинската администрација со градење на достоинствена и ефикасна јавна администрација и процесот на дигитализацијата во функционирањето на сите служби во состав во општината, кое ќе придонесе кон поголема достапност и ефикасност на услугите.
Во склоп на денешната посета беше остварена средба и со претставници на локалната и државната администрација и вработени во Министерството за информатичко општество и администрација кои гравитираат во источниот регион на државата, каде беа споделени мислења и идеи кои би се земале в предвид за понатамошното функционирање на ресорното министерство.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ