Вчера, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов во Мултикултурниот центар даде отчет пред граѓаните за сработеното и активностите по повод една година од мандатот.
За реализираните проекти во текот на изминатата година заедно со градоначалникот говореа и секретарот на Општина Кочани, раководителот на Секторот на уредување и располагање со градежно земјиште и раководителот на Одделението за јавни дејности.
Презентираниот отчет за изминатата година содржи бројни завршени и отпочнатите проекти од различни области, работни активности во делот на инфраструктурата, културата и спортот, образованието, противпожарна заштита итн.
Градоначалникот Љупчо Папазов за наредната 2023 година најави и дел од идните проекти, како што се опремување на Мултикултурниот центар со уреди за ладење и греење, реставрација на Споменикот на слободата, дигитализација на општинските услуги итн.