ЗАГИНА ВЕЛОСИПЕДИСТ ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ КОЧАНИ-ГРАТЧЕ

јули 21, 2026
1 минути

На 20.07.2026 околу 15:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локалниот пат Кочани – Брана Гратче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.Б.(51) од Кочани и велосипед управуван од Д.Ѓ.(65) од Кочани. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал велосипедистот, а лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судската медицина за обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.

Од дневен билтен на МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ