ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВЛАДКО ГРОЗДАНОВ СЕ СРЕТНА СО ЖИТЕЛИ ОД УЛИЦАТА „КОНСТАНТИН АПОСТОЛОВ“

ноември 14, 2025
1 минути

По барање на жители од населбата Трајаново Трло, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов направи увид на улицата „Константин Апостолов“.

При средбата со жителите беше разговарано за актуелните проблеми и потребите за нивно надминување. Со поддршка од општинските служби, се бараа начини за  поефикасно справување со нехигиената, за соодветно индивидуално одлагање на отпадот и за можностите за негово почесто собирање од страна на КЈП „Водовод“.

Жителите беа опоменати за честите палења на отпад коишто се случуваат на оваа локација и за последиците по безбедноста на граѓаните и животната средина.

На средбата со градоначалникот и стручните служби беа разгледани и можностите за подобрување на патната инфраструктура во овој дел на Кочани. Со оглед дека станува збор за крај на календарската година, за наредната 2026 година ќе се направат предмер-пресметки со цел да се подобри актуелната состојба во овој дел на Кочани.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ