ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГРОЗДАНОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ДОБРОВОЛНО ПРОТИВПОЖАРНО ДРУШТВО – КОЧАНИ

декември 4, 2025
0 минути

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов оствари официјална средба со претставниците на Доброволното противпожарно друштво – Кочани. Во присуство на претседателот на Советот на Општина Кочани, Александар Андов, на состанокот се разговараше за унапредување на идната соработка, како и за претстојните активности и проекти на ДПД – Кочани.

Посебен акцент беше ставен на прашањето за начинот на финансирање на друштвото, кое претставува значајна поддршка во функционирањето на системот за противпожарна заштита во општината.

Градоначалникот Грозданов ја истакна подготвеноста на Општина Кочани за продолжување на соработката и за натамошна поддршка на доброволните пожарникари, со цел подобрување на нивните ресурси и ефикасност во справување со пожари и други интервенции.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ