ГРАДСКИОТ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР И ОКОЛИНАТА БЕЗ ВОДА

август 4, 2022
1 минути

Градскиот трговски Центар и оконите објекти веќе неколку часови се без капка вода.

Дознаваме дека на улицата „Маршал Тито“ веднаш кај „Шопинг центарот“ дошло до дефект на главната водоводна цевка и моментно екипи од КЈП „Водовод“ работат на негово отстранување.

Според најавите најпрвин се мислело деке дефектот е мал и дека за час-два вода ќе имаат жителите од овој дел на градот, но кога почнале да копаат сфатиле дефектот е од поголем размер и дека ќе бидат потребни неколку часови истиот да се санира.

С. Ивановски