СЕ ЗДОБИЛ СО ПОВРЕДИ ОТКАКО ИЗЛЕТАЛ ОД КОЛОВОЗОТ И УДРИЛ ВО ПАРКИРАНО ВОЗИЛО

мај 9, 2023
1 минути

На 08.05.2023 во 07.50 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на магистралниот пат Делчево-Кочани, кај с.Истибања, виничко, патничко моторно возило „ауди“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.А.(34) од Кочани, излетало од коловозот и удрило во паркирано патничко моторно возило „мазда“ со винички регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ