Кочани почнува да негува графити-стрит култура која е поддржана и од младината.
Сета оваа креативна енергија бара да биде соодветно поддржана и канализирана на вистински простор и вистинско време.
Изработката на мурали и графити покрај шеталиштето на потегот кон рекреативниот центар „Бавчулук“ е директен пример за ова.
Проектот е во реализација на Здружение на граѓани за културно-уметнички дејности „ОДОНАТА”- Кочани, во соработка со младите графитни ентузијасти од Кочани: Благој Лефков, Кирил Тодоров, Тео Лазаров, Јордан Стаменков и Давид Јосифов, а под менторство на Викторија Митева и Орхан Ќамил
Иницијативата финансиски е поддржана од Општина Кочани.