ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, ПОСТИГНАТИ 39 ПОГОДОЦИ

Во Спорт
октомври 11, 2022
0 минути

По пауза од една седмица денес се одиграа натпреварите од 5. вонредно коло во Прва Фудбалска Лига жени. Постигнати се 39 погодоци или во просек 7,8 по натпревар.

Девојчињата на ЖФК „Кочани“ со нова единаесетка во мрежата се враќаат од гостувањето во Скопје исто како и „Борец“ од гостувањето кај „Шкендија“.

„Каменица Саса“, „Љуботен“ и „Ас Јунајтед“ како гости немаа сериозни противници и со три бода се враќаат дома.

Денешни резултати:

„Скопје 2014“ – „Кочани“ 11:0

„Речица“ – „Ас Јунајтед“  1:5

„Деспина“ – „Љуботен“  0:3

„СЦ Истатов“ – „Каменица Саса“  1:7

„Шкендија“ – „Борец“  11:0

Слободна во ова коло беше „Тиверија“.

Во следното 6. коло екипата на „Кочани“ е слободна.

С.  Ивановски