ГРАН ПРИ НАГРАДАТА „ВАСИЛ ЌОРТОШЕВ“ ЗА ПРЕТСТАВАТА „ТУНЕЛ“ ВО ИЗВЕДБА НА ТЕАТРСКА ГРУПА „ГОДО“ ОД КОЧАНИ

мај 28, 2023
1 минути

Со доделувањето на  наградите и признанијата вечерва во Кочани и официјално беше спуштена завесата на 60-тото издание на ДАФ.

 

Највисокото признание на годинашниот ДАФ, „Гран-при“ наградата Васил Ќортошев годинава и беше доделана на претставата „Тунел“ во изведба на театарската група „Годо“ од Кочани, во режија на Кристина Атанасова Арсова која воедно ја понесе и наградата за „Најдобра режија“.

Даниел Гочевски за ликот Драган Тарабунов во претставата „Драги уметници“ во изведба на Театар „Чекори“ од Скопје ја доби наградата за „Најдобра главна машка улога“, а  на Анџелија Мирковиќ за ликот Наталија Степановна во претставата „Просидба“ во изведба на Академско позориште Студентски културни центар Ниш (Србија) и припадна наградата за „Најдобра женска главна улога“.

Наградата за „Најдобра машка споредна улога“ му припадна на Никола Кузмановски додека наградата за „Најдобра женска споредна улога“ на Тамара Стојановска и двајцата актери во претставата „Драги уметници“ во изведба на театар „Чекори“ од Скопје.

Претставата „Умрежени“ во изведба на КУД „Бранко Радичевиќ’ од Пачетин (Хрватска)  ја понесе наградата за „Истражување сценски изразни средства и експерименти во аматерскиот театар“, додека наградата во категоријата „Деца и младинци“ и беше доделена на претставата „Црвенкапа“ во изведба на Здружение на независни уметници Драмско студио – летечка театарска група од Тетово.

И годинешниот фестивал беше финансиран од Министерството за култура на Македонија, Општина Кочани и бизнисмени од регионот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ