ГРАЃАНИТЕ ОДЛУЧИЈА: ЌЕ СЕ ПРОПУШТААТ ЕДИНСТВЕНО ВОЗИЛАТА НА КЈП „ВОДОВОД“ А ПРОТЕСТОТ ПРОДОЛЖУВА

ноември 6, 2024
1 минути

Граѓаните на Кочани кои еве веќе деветти ден, односно повеќе од 200 часа протестираат се со цел жителите од Општина Кочани и околните места да почнат да дишат чист воздух вечерва одлучија, единствено ќе се пропуштаат возилата на КЈП „Водовод“ – Кочани.

Значи донесоа уште една корисна одлука за сите, а тоа е да не се собира сметот во големи количини во контејнерите, на тротоарите, во доновите во Кочани и околните села, туку возилата на КЈП „Водовод“ да го собираат и да го носат на депонијата.

Со ова одлука не значи дека и протестот престанува, напротив, тој продолжува се до исполнувањето на последното од петте барања, а тоа е поништување на одлуката на Владата на Република Македонија за депонирање на отпад од соседните општини (Зрновци, Виница, Чешиново-Облешево) на Градската депонија во Кочани.

Со ова одлука жителите што протестираат уште еднаш покажаа големина и докажаа дека протестираат за доброто на сите кои живеат во Општина Кочани.

 

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ