ДОДЕЛЕНИ СЕРТИФИКАТИТЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ЛИКОВНИОТ КОНКУРС „JIANTING INTERNATIONAL YOUTH PAINTING CONTEST 2021“

октомври 28, 2022
1 минути

Денеска во Мултикултурниот центар во Кочани беа доделени сертификатите на учесниците – ученици од училишта од Кочани и училиштето за сликање и цртање при НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани, кои втора година по ред учествуваат на ликовниот конкурс „Jianting International Youth Painting Contest 2021“, Народна Република Кина.

Организаторот на конкурсот на учесниците им врачи сертификати и традиционални кинески сувенири за одлично изработените ликовни трудови.

Општина Кочани е збратимен град со Општина Вуши, Народна Република Кина.