ГРАЃАНИТЕ ПРАШУВААТ: ИМАШЕ ЛИ ПОТРЕБА ТОЛКУ ДРВЦА ДА СЕ ИСЕЧАТ?

март 15, 2024
1 минути

Паралелно со започнувањето на градежните активности на улицата „Борис Трајковски“ започна и масовно сечење на засадените дрвца. Голем број од дрвцата што со години правеа сенка на минувачите на кејот на реката веќе се исечени, а некои почнаа да се сечат и на тротоарот покрај семејните домови.

 

На некои од оние на тротоарот само се исечени застарените гранки, но „боде во очи“ како изгледа по масовната сеча кејот на реката.

Многумина граѓани ни испратија фотографии, и ни упатија прашање „Дали сето ова имаше потреба да се направи?“.

Дознаваме дека така било договорено откако бил договорен проектот, според кој на местата на веќе исечените дрвца ќе бидат нови засадени, но откако ќе се заменат бекхатон плочките и ќе се завршат комплетните градежни активности со кои улицата „Борис Трајковски“ ќе биде освежена.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ