Неколку граѓани деновиве се пожалија дека ниту едно од јавните тоалети не работи. Иако не работат од нивни на овие пеколни горештини излегува толку непријатна миризба што минувачите избегнуваат покрај нив да минуваат.
Особено непријатна е миризбата што излегува од јавниот тоалет на улицата „Димитар Влахов“ под платформата на Трговскиот центар, блок „А“.
Минувачите мораат да је преминуваат улицата бидејќи како што истакнаа миризбата е непријатна.
Апелираме до надлежните што не ги отвораат јавните тоалети барем да ги исчистат и да ги дезинфицираат бидејќи се најавуваат уште попеколни горештини.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ