ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО БЛИЗИНА НА ЧИФЛИК

октомври 18, 2022
0 минути

Вечерва околу 20:30 часот на Магистралниот пат Штип – Кочани во близина на селото Чифлик се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествуваа три возила: „Ауди А4“, „Тојота јарис“ и „Фиат панда“.

Аудите се движело во правец кон Штип а другите две возила се движеле кон Кочани.

Повредените лица се префрлени во Општа болница со проширена дејност – Кочани каде по укажаната лекарска помош две лица се пуштени на домашно лекување, додека третото лице поради сериозноста на повредите е препратено во Клиничка болница – Штип.

С. Ивановски