ГРАЃАНИТЕ ПРОТЕСТИРААТ А ОЏАКОТ ЧАДИ ЛЕ ЧАДИ

февруари 23, 2022
1 минути

Осми ден како пред влезот на фабриката „Пејпар мил“ дел од населението упорно протестира.

Се борат да имаме сите чист воздух и здрава животна средина.

И додека протестите траат во една мирна атмосфера од оџакот почна да излегува црн густи чад.

Дали со намера за провокација или не, во тој момент во едно од возилата влезе едно од одговорните лица во фабриката и го напушти местото.

Додека неговото возило одеше низ насобраните луѓе тие во знак на револт го испратија со концерт од свирежи

С. Ивановски