ИВАН МИЈАЛОВ ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ ЗА ТАЛЕНТИРАНИ КОШАРКАРИ

Во Спорт
февруари 23, 2022
1 минути

Кошаркарската Федерација на Северна Македонија и годинава продолжува со ФИБА проектот за талентирани кошаркари.

По тој повод започнувајќи од 28 Февруари до 05 Март во Скопје ќе се одржи кошаркарскиот камп  на кој освен кошаркари и кошаркарки од Македонија ќе учествуваат и од Турција, Бугарија, Романија и Косово.

Организаторот на кампот освен тренинзи ќе организира и кошаркарски натпревари.

Нашите надежи тренинзите ќе ги одржуваат на 28 Февруари, 01 и 02 Март во Спортската сала „Кале“ од 14:00 часот, додека распоредот за натпревари ќе биде:

03.03.2022 година  Турција – Македонија  17:00 часот (Кале)

04.03.2022 година  Македонија – Бугарија  17:00 часот (Кале)

05.03.2022 година  Романија – Македонија  17:00 часот (Кале)

06.03.2022 година  Македонија – Косово  17:00 часот (Кале)

Меѓу повиканите кошаркари од страна на селекторот Александар Јованчев е и Иван Мијалов од Кочани кој моментно ги брани боите на КК „Куманово“, а истиот како талентиран кошаркар влезе во пошироката група кошаркари по препорака на Сашо ЛазаревЧапо пред две години која подоцна ја селектираше Драган ВасиловЦефка.

С. Ивановски