ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРААТ: „МОРА ДА ПРЕСТАНЕ ДИВОТО НАСЕЛУВАЊЕ ВО ГРАДОТ“

август 14, 2023
0 минути

Без поголем вовед  во целост Ви го пренесуваме писмото од група граѓани.

„Господа вие што седнавте во советничките столчиња и што ве плаќаме на работните места кои ги добивте во општинската администрација мора еднаш да ставите крај на дивото населување во градот. Живееме на  источниот дел на периферијата во Кочани и сведоци сме на нови гости кои на диво се населуваат таму кај антените. Дознаваме дека се дојдени од повеќе места во државата а се од ромската заедница. Да се разбереме не се само тие од ромската заедница проблем туку и од нашата но кои вешто се прекриваат бидејќи се населуваат поединечно а не во групи затоа и не знаеме каде тие градат. Овие кај антените се посебна приказна, на нив никој ништо не им може, ако некој од нас отиде во тој правец веднаш се собираат како во чопор и физички бараат пресметка а тој како поединец гледа што побргу да избега. Не знаеме дали некој им дозволува да градат за да останат тука и да служат како гласачка машина но нека тие знаат доколку е вмешана политиката дека за нивни дваесет до триесет гласа ќе загубат иљадо до две. Господа вие од советот време е да после две години почнете да мислете на оние кои ве гласаа а не само да дигате рака онака како што некој ќе ви каже. Господа од администрацијата, охрабрете се веќе еднаш, врнете ги гостите кој од каде дошол и створете услови да почнеме мирно да живееме а не со страв и расправии со натрапниците. Решете го што поскоро овој проблем бидејќи за месец или два ќе биде доцна, ќе си изградат домови па после ќе бараат да им ги легализирате. Господа не дозволувајте нашиот град да го унакажете, бидејќи во иднина за секоја опљачкана куќа, за секој опљачкан двор, за секоја тепачка или пак некој ако настрада вие ќе бидете виновници. Господа ако немате храброст тоа да го направете самите преку вашите инспекторски служби повикајте полиција бидејќи тие постојат за да не штитат нас граѓаните. И за крај уште еднаш помогнете ни“ стои во писмото кое во текот на викендот ни беше испратено.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ