До електронскиот портал „комарец“ во писмена форма и со фотографии пристигна нова реакција од граѓаните на Кочани. Овој пат нивната реакција се однесува за улиците „Борис Трајковски“ и „Гоце Делчев“. Во реакцијата стои:
„Ѓубрето на улиците „Гоце Делчев“ и „Борис Трајковски“ не е соберено повеќе од три седмици. Улиците не се изметени од Нова година наваму како и Градскиот пазар кој се наоѓа на овие улици. Кантите се преполни со ѓубре кое не се собира. Кучињата скитници го разнесуваат по патот и по дворовите на луѓето. Бараме итна реакција од надлежните за да не се шират болести и зарази од насобраното ѓубре“.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ