ГРАЃАНИТЕ ВЕЧЕРВА СПОНТАНО СЕ СОБРАА, АПЕЛИРААТ ДА НЕ СЕ СЕЧАТ ДРВАТА НА ПАЗАРОТ КАЈ АВТОБУСКАТА СТАНИЦА

ноември 14, 2022
1 min read

По објавувањето на фотографии дека повеќе годишните дрва на пазарот кај „Автобуската станица“ се веќе маркирани и дека деновиве ќе бидат исечени, вечерва спонтано на местото предвидено за сеча се собраа група граѓани кои го изразија својот револт од она што се спрема деновиве да се направи.

„Ние граѓаните од Кочани апелираме до надлежните во општината да се откажат од масакрот што го спремаат со повеќе годишните дрва на пазарот кај автобуската станица во Кочани. Многу дрва се исекоа ама за жал ниту едно не се посади во градот. Паркот го направија плоштад или името парк за надлежните има друго значење. Жителите од Кочани доколку би посакале да излезат во парк со зеленило ќе мора да возат километри надвор од градот. Ако навистина не знаат што е зеленило во градската средина нека појдат во Виница, Струмица, Велес а за Скопје да не правиме муабет. Сите тие имаат убави паркови кои навистина се паркови а не плоштади. И просторот каде се одржува панаѓурот жителките од околината бараат да се направи убав парк, но се зборува дека тоа веќе било испланирано да се додели на некои моќници за д си го развиваат својот бизнис со изградба на станбени згради. Не ни е познато дали надлежните имаат учено билогија или не присуствувале на часот каде се учело дека дрвата се белите дробови на една урбана средина. Затоа од ова место вечерва апелираме да се престане со ваквите навики, предвидениот масакр со овие дрва да го заборавите. Ако им мислите добро на своите сограѓани веруваме дека ќе се откажете од оваа иницијатива“ беше апелот што го упатија вечерва дел од граѓаните на Кочани

 

С.  Ивановски