ГРАЃАНСКА РЕАКЦИЈА – ЗАПОЧНАТО А НЕДОВРШЕНО

ноември 1, 2023
0 минути

Станари што живеат во зградата кај „Градската аптека“ испратија допис поткрепен со фотографии во кој се вели:

Ќе ве молиме да го објавите овај допис. Паркингот зад зградата на градската аптека започна да се асфалтира минатиот месец, поточно на 27 септември и сеуште не е завршен. Пред една недела си ги собраа машините кои беа оставени за да го завршат започнатото и си заминаа. Сакаме да информираме дека и  решетката која е одводна цевка подолго време е наполнета со ѓубре и често прави проблем на возилата. Се надеваме дека некој од одговорните ќе го прочита ова наше кажување и дека ќе се реагира“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ