МАЛОЛЕТНИК СЕ ЗДОБИЛ СО ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ ОТКАКО СО ПМВ ИЗЛЕТАЛЕ ОД КОЛОВОЗОТ

октомври 7, 2023
1 минути

На 06.10.2023 во 18.40 часот во Полициска станица Кочани е пријавено дека на регионалниот пат Р-1 309 Кочани – Зрновци патничко моторно возило ,,голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.Д.(42) од Кочани, излетало од коловозот. По несреќата, возачот и неговите двајца малолетни сопатници од Кочани биле пренесени во Општата болница Кочани, каде од лекар на возачот и едниот малолетник им биле констатирани телесни повреди, а на другиот малолетник му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кочани.

Дневен билтен на МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ